Китанов – Патарините нема да поскапат туку ќе поефтинат

 

Патарините нема да поскапат туку ќе поефтинат, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов

-Некој од ова сака да направи дневно популистички настани и луѓе задолжени да пишуваат по социјалните мрежи, не прочитале за што станува збор. Нема никакво покачување, има намалување. Како има намалување. За десетина дена ќе ги пуштиме електронските патарини од коридорот 10. Секој што ќе користи картичка, ќе има бонус во зависност од сумата. Особено за камионите. Таму имате одредена сума и до седум отсто. Тој што има 50 камиони, на годишно ниво седум проценти, дали имате претстава колку е тоа. Значи има намалување, изјави Китанов.

Тој истакна дека исправена е една неправда од минатото Мотоциклите како што рече, сега ќе плаќаат помалку од порано