Албанија станува пречка за старт на преговори меѓу Македонија и ЕУ?

0
218

 Неизвесноста околу доделувањето на датум за преговори со ЕУ, ја зголеми ставањето на Македонија и Албанија во ист пакет. Меѓу европските лидери е јасно дека Албанија има уште долг пат што треба да го изоди, додека Македонија презеде големи чекори. Ако досега за најскептични земји се сметаа Франција и Холандија, сега се наметна Бундестагот како следното место за лобирање.

Според експертите постоело двојство и судир меѓу ЦДУ на Ангела Меркел  и Социјал-демократите кои се втор помал коалициски партнер во владата. Хајко Мас и Михаел Рот отворено се залагаат Македонија да добие преговори, а ЦДУ и канцеларката биле малку поскептични во тој дел. Од друга страна ЕК не стави во пакет со Албанија и тоа за нас е реален проблем.

„Германија има интерес има интерес да ги одржи Македонија и Албанија во пакет и Албанија да го добие тој датум за преговори. Ова одложување коешто сега ЦДУ го наметнува на некој начин, значи владејачката партија на канцеларката Меркел, колку што јас ги разбирам работите е да се причекаат неколку месеци, тоа би било крајот на септември почетокот на октомври кога Бундестагот би дискутирал на оваа тема, да се почекаат локалните избори во Албанија и да се почека развојот на состојбата во Косово кое исто така не е неважно и потоа да се донесе одлука . Ако во меѓувреме Македонија и Албанија не се одвојат од тој пакет, можеби во текот на летото тоа ќе се случи доколку се утврди дека состојбата во Албанија не се подобрува. Значи да резимирам, не е проблемот Македонија. Проблемот е регионот и конкретно Албанија во овој случај“, изјави за 1ТВ Борис Георгиевски, новинар.

Според високи дипломатски извори од Брисел, МИА пред некој ден објави дека за разлика од минатата година, главна пречка стартот на преговори е Германија, а не Франција.

Според нив Париз бил подготвен да попушти за датум во јуни или јули.

https://youtu.be/OyJVRQAQaWE?t=1