Бизнисменот Сеад Кочан оди во затвор?!

0
183

На 17 јули, бизнисменот Сеад Кочан оди во затвор. Кривичниот суд изготви упатен акт со кој Кочан за помалку од еден месец треба да започне со издржување затворска казна во висина од 4 години и 8 месеци. Тој е осуден во предметот на СЈО под името „Труст“, бидејќи како управител на фирмата „Трансмет“ со лажни документи добивал тендери за ископ на јаглен и јаловина во Рек Битола за сума од 17 милиони евра.

Кривичниот суд првостепено го осуди Кочан на 6 години затвор на 20 јули 2018-та година, а на 11 март Апелацискиот суд му ја намали за година и четири месеци. Второобвинетиот во случајот Василије Авировиќ доби две години условно од Апелација.

Според членот 139 од Законот за извршување на санкции, осуденото лице може да го одложи почетокот на издржување на казната ако се наоѓа на лекување од потешка акутна болест или зависности, во случај на смрт или тешка болест на потесното семејство. И во следните случаи.

член 139, Закон за извршување на санкции

– Извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи предизвикана од елементарна непогода или друга несреќа,

– Да заврши работа која ја започнало а поради неизвршувањето на работата би настанала позначителна штета,

– Ако заедно со осуденото лице се осудени брачниот другар или други членови на домаќинството или ако некои од нив ја издржуваат казна, а со упатувањето на сите овие лица на издржување на казна би била загрозена издршката на старите и малолетните членови на семејството.

По објавувањето на деталите за истрагата за Труст во 2017-та година ,

Специјалното јавно обвинителство побара притвор за Кочан. Кривичниот суд му одреди 30 дневен притвор, налогот до полицијата не стигна на време, со што Кочан ја напушти Македонија. Тој, според адвокатите бил на двомесечно службено патување. Тој се врати назад во државата, откако претходно Врховниот суд го спаси и му го укина притворот.

Алсат