Василевска: Заев да го разреши Рашковски поради случајот со местење на тендер од 7 милиони евра

0
191

 

Драги Рашковски од позиција на генерален секретар на влада договарал сомнителен тендер во висина од 7 милиони евра за набавка на систем за летање преку М-НАВ,  како што објавија медиумите.

Рашковски заедно со претседател на УО на М-НАВ, кој како што пишуваат медиумите е близок роднина на министерка во владата на Зоран Заев, се слуша како иако знаат дека датумот за тендерот изминал за 3 дена го доделуваат истиот на  италијанска фирма.

Наспроти тврдењата на Рашковски дека тендерот е доделен во 2016-та година М-НАВ го демантира преку официјалната веб страна каде се гледа дека склучиле договор во 2018-та година.

Ако тендерот бил доделен во 2016-та тогаш зошто десната рака на Зоран Заев Рашковски договара рокови само за да добие оваа компанија.

Според објавеното во медиумите, а кое е транскрипт од разговор помеѓу Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ се чита дека иако тие знаат дека италијанската компанија Леонардо не ги исполнува условите со неа да се договараат.

Според објавеното во медиумите се чита како Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ одат спротивно на одлука на влада според која се укажува да се оди кон ретерирање, а не да се склучува нов договор, како што тоа подоцна го прават Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ.

Имено според објавеното се вели: – Друга работа што мора да се измени, имаме заклучок на 63 седница на влада. Имаме одлука со која ни се укажува за да ретендерираме, зборува претседателот на УО на М-НАВ преку она што го добив во медиумите. На истово Рашковски одговара : – Ќе запишеме. Во владин заклучок ќе кажеме дека тоа престанува да важи и готово.

Вака изгледа вистински заробена држава. Со оглед на тоа дека Рашковски е вршител на должност Генерален секретар  на владата и се уште може да влијае на заташкување на случајот и врз доказите и сведоците обвинителството треба веднаш да делува.

Ги повикуваме надлежните во најбрз можен рок да покренат постапка и да го расчистат овој случај“, изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ./  извор тв 21/