(ВИДЕО) Борисов: Гоце Делчев бугарскиот Че Гевара

0
167

 

 Бугарскиот премиер Бојко Борисов се надева на договор во заедничката комисија за историја за, како што рече, да можат максимално да продолжат со поддршка на Северна Македонија за членство во НАТО и ЕУ, пренесе „360 Степени“.

-Нашиот херој Гоце Делчев стана повод за коментари во сите насоки. А тоа е жално, зашто тој е бугарски херој што се жртвувал и заложил сè за слободата на Македонија. На ист начин, еден Че Гевара, кој по народност е Аргентинец, отишол да се бори за слободата на Куба, а потоа загинал во трета држава. И наместо тие херои со својата саможртва, сите да нè прават горди, да не обединуваат и да нè прават посилни, стануваат ,јаболко на раздорот’“, изјави Борисов на меѓународниот економски форум во Пловдив.