Голема акција на финансиската полиција во Љуботен

0
158

Финансиската полиција од утрово спроведува голема акција во скопското село Љуботен.

Поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама, Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција за проверки на истото. Во интерес на истрагата не би можеле да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, се вели во соопштението од Управа за финансиска полиција.

Според неофицијалните информации, станува збор за акција за сузбивање на шверц на тутун.