Дураку ја поднесе оставката во неа напиша: Моето раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина

0
157

Министерот за животна средина, Садула Дураку денеска и официјално ја поднесе оставката до Владата на РСМ поради неговото префрлање во ново-формираното министерство за за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во својата оставка Дураку пишува дека во време на неговото раководење со министерството за животна средина биле реализирани голем број на проекти кои ќе оставеле траен и позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина.

„Морам да истакнам дека изминатиот период додека ја извршував функцијата се соочивме со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. Според сегашната состојба некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и го вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап“, се наведува во писмената оставка на Дураки.