ЕЛ ЧЕКА МУ СЕ ЗАКАНИ НА ЗАЕВ

0
204

Ел Чека на Фејсбук, упати закана до премиерот Заев. Тој порача да не се чепкаат неговите луѓе кои се во затвор, или Заев може да ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници

Нашите браќа Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халаќи имаат повеќе од било кога потреба за нашите молитви, бидејќи само што добив информации директно од еден вработен од високото Обвинителство во Скопје, кој има албански чувствa, дека тројцата браќа треба да бидат внимателни повеќе од кога било во затворот каде што ја издржуваат казната. Тој ми рече дека не треба да ја користат храната што им е дадена во затворот и да не излезегуваат од нивните ќелии, туку да бидат обединети, бидејќи нешто се подготвува против нив! Зоран Заев мора да знае дека ако нешто се случи нека ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници! Објавувањето на прислушувањата ќе се прави во утринските часови, бидејќи денес имавме многу пречки, истакна Ел Чека на неговио Фејсбук профил.

Инаку Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе кривични пријави против македонски државјанин родум од кичевското село Турин, кој од МВР е осомничен за незаконско прислушкување и тонско снимање, како и за неовластено снимање.

Според ОЈО, кичевчанецот кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД каде преку неговиот фејсбук профил „Ел Чека“ неовластено објавува снимани материјали.

Во неговото последно видео обраќање преку Фејсбук изјави дека ќе ги објави сите бомби кои ги поседува, се додека не се расчисти случајот со Диво Насеље.