Загина возач на мопед

0
182

 

Триесет и едногодишен маж од Велес кој управувал со мопед загина при судар со автомобил на автопатот Штип-Свети Николе кај штипското село Кривидол, информира портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

-Автомобилот кој се судрил со мопедот бил со скопски регистарски таблички, а во несреќата учествувале уште две други возила. Полесно се повредени и возачот на автомобилот мерцедес и двајца негови сопатници кои се малолетни лица. Од страна на Итната медицинска помош се пренесени на лекување во Клиничката болница во Штип, информираа од СВР Штип.

На местото на несреќата увид имаат извршено крим техника на СВР Штип и основен јавен обвинител