Земјоделците ја фрлаат реколтата, министерството слави

0
156

Вистинска коктел забава со алкохол и мезе денеска имаше  во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по повод заминувањето на Љупчо Николоски и доаѓањето на новиот министер Трајан Димковски.

И додека досегашниот и новиот министер си прават коктели, македонските земјоделци солзи ронат поради сите проблеми со кои се соочуваат.

Земјоделците од Овче Поле, Тиквешкиот, Струмичкиот и другите земјоделски региони низ државата се оставени сами да се снаоѓаат со проблемите-  со водата за наводнување, со фрлањето на произведеното на буниште…

Земјоделството во изминативе години е ставено на страна. Селата низ државата забрзано се празнат, а се повеќе ниви остануваат необработени, бидејќи нема ништо од ветувањата кои ги даде оваа власт