Изгаснат пожарот во Кисела Вода, пожарникарите ги извлекуваат станарите кои останале изолирани заради огнот

0
190

 

Противпожарните служби успеаја да го изгаснат пожарот кој ја зафати денеска станбената зграда, во населбата Кисела Вода на улицата ,,Народни херои“ број 23, објави ТВ ТЕЛМА.

Според информациите на Телма од теренот, акцијата за гаснење на пожарот траела повеќе од 2 часа а пожарникарите сега се обидуваат да ја завршат и евакуацијата на станарите кои останале изолирани над станот зафатен со огнената стихија.

Последна била евакуирана една хендикепирана жена, чие извлекување беше најголем предизвик за пожарникарите. Претходно биле евакуирани и две  деца и еден маж.

Пожарот избувнал на стан на 5-тиот кат од зградата. Околу зградата се собрале и поголем број локални жители, кои ја следеле работата на пожарникарите.

Неофицијално, еден од пожарникарите е повреден, со помали изгореници но и заради вдишувањето чад бил пренесен во болница за да се санираат неговите повреди.