Имињата на новите министри до крајот на неделава, Собранието ќе гласа во вторник

0
165

Предлогот на премиерот Зоран Заев за новите министри од најавената влдина реконструкција треба до крајот на неделата да бидат доставени до Собранието, а предлогот да биде усвоен во наредната седмица.

Премиерот Заев завчера најави дека планира до денеска да ги достави предлозите за реконструкција на Владата, а дека Парламентот планира седница на почетокот на идната недела.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа, вчера соопшти дека предлогот за промените во владиниот кабинет премиерот Заев треба да ги достави до крајот на оваа недела и дека во меѓувреме, премиерот ги продолжува консултациите со партиите од коалицијата.

– Очекуваме во почетокот на наредната недела, зависно од агендата на Парламентот, Предлогот за реконструкција да биде усвоен. Премиерот Заев ќе го достави до Собранието до крајот на оваа недела, рече Хоџа.

Заев во неделата по состанокот на ЦО на партијата изјави дека нема да има предвремени парламентарни избори, туку дека ќе следи реконструкција со која ќе бидат опфатени не повеќе од 8 министри, но не соопшто кои, ниту пак ресорите каде ќе имасмени.

По изгласувањето во Парламентот, премиерот најави дека продолжуваат со промената на директорските места и да завршат со кадровските промени, пренесе НоваТв

-Верувам дека до крајот на месецот СДСМ ќе ги донесе одлуките за избор на потпретседателите на партијата и мал дел на претседатели на општински организации кои останаа неизбрани, рече Заев кој посочи дека промените се неопходни.