Казна од 150 евра за насилните полски навивачи

0
173

 

Сите  полски навивачи кои во петокот поради нарушување на јавниот ред и мир  беа проиведени ќе платат казна од 150 евра но нема да им биде забранет влез во земјава.

Казната од 150 евра се однесува за сите 223 полски навивачи кое се тепаа меѓусебе во петокот кај градскиот Парк  пред фудбалскиот натпревар Македонија – Полска.

Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека пасошите на поголем број од навивачите им биле одземени додека не ја платат казната, а потоа им се  вратени.