Име Вести Македонија Како што најави: Ел Чека повторно објави „бомби“ за ДУИ

Како што најави: Ел Чека повторно објави „бомби“ за ДУИ

0
194

Лицето А.Ш. од Кичево или познат на јавноста како Ел Чека, во изминатото деноноќие повторно почна да објавува „бомби“ преку Фејсбук.

Тврди дека во еден од разговорите се слушаат гласовите на Али Ахмети и Муса Џафери, кои, како што посочува тој, зборувале за потпишувања спротивно на законите, додека пак, во другиот разговор тврди дека главен лик е Муса Џафери.

Инаку, 28 годишниот А.Ш. во моментов се наоѓа во Чикаго и како што неодамна најави, новите „бомби“ ги пушта во рано наутро.

Ел Чека, пред извесно време посочи дека бомбите ги објавува по наредба на осудените од Диво Насеље и го предупреди премиерот Зоран Заев да внимава на осудените за овој случај.

-Нашите браќа Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халаќи имаат повеќе од било кога потреба за нашите молитви, бидејќи само што добив информации директно од еден вработен од високото Обвинителство во Скопје, кој има албански чувствa, дека тројцата браќа треба да бидат внимателни повеќе од кога било во затворот каде што ја издржуваат казната, напиша неодамна на Фејсбук кичевецот, кој стои зад псевдонимот Ел Чека и кој објавува „бомби“ за функционери на ДУИ.

-Тој ми рече дека не треба да ја користат храната што им е дадена во затворот и да не излезегуваат од нивните ќелии, туку да бидат обединети, бидејќи нешто се подготвува против нив! Зоран Заев мора да знае дека ако нешто се случи нека ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници! Објавувањето на прислушувањата ќе се прави во утринските часови, бидејќи денес имавме многу пречки! #семолимезанив, додава Ел Чека.

Пред десетина дена Основното јавно обвинителство достави кривична пријава до кичевското Обвинителство против лицето Ел Чека за неовластено прислушување и тонско снимање според членовите 151 и 152 од Кривичниот законик.