Кривична пријава за лицето кое претепа полицаец во Тетово

0
167

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С.(29) од село Шемшово, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста

Полицискиот службеник вработен во СВР Тетово се здобил со тешки телесни повреди на 24 месецов откако беше нападнат од 29 годишниот НС од тетовското село Шемшово. Физичкиот напад се случил на улицата Борис Кидрич во Тетово.

Полицаецот бил нападнат при извршување на својата службена должност, односно при вршење на полициско дејствие при при подигање на автомобил кој бил непрописно паркиран на улицата Борис Кидрич.

Лицето најверојатно поради добиената казна извршил напад врз полицаецот.На видео снимката се гледа како подоцна напаѓачот е совладан од полицијата и приведен.
Полицискиот службеник е надвор од животна опасност и ќе биде задржан на болничко лекување во тетовската болница. Се работи на целосно расветлување на случајот