(Видео) Министерките ќе се спасат од „метлата“ на Заев?

0
211

 

Метлата“ на Заев нема да ги измете министерките. Ова суптилно го најави самиот тој, на денешната трибина за две години влада, одговарајќи на апелот на невладина активистка, да се зголеми бројот на жените во министерствата и да се подобри финансиската состојба на жените во државата, објави Телма.

Од 26 членови на актуелната влада, на министерски функции се четири жени: вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и  министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

Во обраќањето пред присутните пратеници, дипломати, бизнисмени и граѓански активисти, Заев рече и дека, не влегол во политиката, за да си го гледа раатот, дека го решиле тридеценискиот спор со Грција и Бугарија,  и дека е време и ЕУ да ја исполни својата задача пред европјаните и да добиеме датум за преговори.

Министерката за одбрана,  најави дека за две недели суперсоничен НАТО авион ќе прелета над земјава за да ја поздрави својата најнова членка.

Невладините активисти им укажаа дека е добро што се донесоа голем број закони, но сега е време да почне и нивната примена. Најголемото потфрлање, според нив, владата го имаше во областа на животната средина.

Им сугерираа и да се подобри состојбата во селата, да се зголемат капиталните инвестиции, да се стави крај на говорот на омраза, а судските процеси да се забрзаат.

https://youtu.be/aNKeQmK5dKU?t=3