М-Проспект: 30% од граѓаните немаат доверба во ниту еден политичар

0
175

Продолжува трендот на недоверба на граѓаните во политичарите, објави канал 5 Дури секој трет граѓанин или 30,1 процент нема доверба во ниту еден политичар, покажува најновото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата М-Проспект.

Сепак, меѓу политичарите, актуелниот премиер Зоран Заев и лидер на СДСМ и натаму има најголем процент на доверба односно 18,3 насто ,а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од 11,7 . На истото прашање пред една година Мицкоски имал помала а Заев поголема доверба. Во 2018 на Мицкоски му верувале само 2,9 насто, а на Заев 24,1 насто

Во анкетата чии резултати се поклопуваат со истекот на две години од мандатот на актуелната влада, трет политичар во кого граѓаните имаат доверба е екс премиерот Груевски со 5,2 насто,по него е Али Ахмети со 4,2 насто. Претседателот Пендаровски е со нешто помала доверба од 4 проценти, а неговиот противкандидат на изборите професорката Гордана Силјановска има доверба од 3,2, екс претседателот Иванов од 3 проценти. На Зијадин Села му веруваат 3,5. а Билал Касами 1,8 насто од испитаниците.

Согласно резултатите недовербата на граѓаните во политичарите е голема и кај Македонците со 28,6 проценти и кај Албанците со 33,2 проценти.

Сепак, Македонците повеќе го преферираат Зоран Заев 21,3 проценти, наспроти Христијан Мицкоски со 16,1 процент. Али Ахмети и натаму ужива најголем а доверба меѓу Албанците 18,2 насто, по него е Зијадин Села со 15,9 , па Зоран Заев со 9,3 и Билал Касами со 8,4 насто..

Резултатите од најновата анкета покажуваат раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и мал пад на рејтингот на СДСМ, во споредба со минатогодишната анкета, спроведена по истекот на една година од владата.Доколку утре се одржат избори најмногу гласови би добила ВМРО-ДПМНЕ. Секој четврти граѓанин или 25 проценти би гласале за опозициската партија, додека за владејачката би гласале 23,1 процент. Споредено со 2018 – за СДСМ се изјаснија 25,5 а за ВМРО-ДПМНЕ 20,6 .

Победник во албанскиот блок би биле ДУИ со 5,1 насто, за Алијанса за Албанците би гласале 4,2 и за Беса 2,1 процент.

Кај Македонците секој трет или у 34 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ , 26,6 за СДСМ, од етничките Албанци 22,6 би гласале за ДУИ,19,3 за алијанса, 10,8 за СДСМ а 9,8 за Беса.

Теренската анкета на М-Проспект е спроведена на 1000 испитаници во периодот од 15 мај до 7 јуни, со веројатност на точност од 95 проценти и со грешка од плус или минус

 

 

Извор Канал 5