Најчевска кон Каракамишева: Јас сум балерина толку колку си ти интелектуалка!

0
179

Професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил и реплицираше на својата колешка Тања Каракамишева, нагласувајќи дека со употреба на терминот „северџан“ ги понижува сите граѓани на Република Северна Македонија. Во продолжение целиот фејсбук статус:

Каракамишева, јас за тебе сум професорката Најчевска.
Ти драга моја голема бела птицо не можеш кутрата да разбереш дека толку колку што сум јас балерина толку си ти драга моја голема бела птицо интелектуалка.
Ти голема бела птицо не можеш ни да замислиш каква штета се нанесува со внесувањето на терминот северџани и на какво понижување ги изложуваш сите граѓани на Република Северна Македонија и сите оние кои се бореле и изгинале за да може да ја имаме оваа наша самостојна и независна и сопствена држава.
И да, голема бела птицо, употребата на спомнатите изрази со кои се врши дехуманизација на одредена група луѓе заради нивната партиска припадност е говор на омраза. Тие се дел од атмосферата која ја градеше ВМРО-ДПМНЕ националистичка и ти мила моја голема бела птицо како нивни барјактар.
Ти голема бела птицо не ни разбираш за што зборувам туку повторуваш напамет научени фрази и мислиш дека на тој начин стануваш нешто повеќе од обична голема бела птица.