Од спорт број еден скијањето во Тетово на дното.

0
186

 

На 90 годишнината од скијањето во Тетово, но и од формирањето на скијачкиот клуб Љуботен, спортските работници потенцираа дека скијањето во полошкиот крај па и воопшто во Македонија која како земја пружа идеални услови за развоја на овој спорт од година вгодина тоне. Како главни фактори ги наведоа руинираните ски центри од кои државата одамна кренала раце.

-Скијањето отсекогаш било зависно од скијачките центри, а знаете во каква состојба се скијачките центри во Македонија. Во еден Цермат на пример сега многу добар скијачки центар имало пред повеќе од еден век пруга која водела дотаму со намера да се развие туризмот, затоа што во такви подрачја луѓето не можат да егзистираат од друго нешто освен од туризам, или пак можеби од сточарство, но тоа е сосема малку. Значи добрите ски центри не се само за скијањето тие треба да се развиваат за да имаме развиен туризам, но за жал кај нас планината не се искористува, рече Жарко Трпковски претседател на скијачкиот клуб Љуботен.

На настанот беше направена ретроспектива на скијањето во Тетово. Беше потенцирано дека во Тетово во 1939 година се појавил првиот локал за продажба на скии.

-Значи имало прогрес во тој период. Имало над 200 скијачи, рече историчарот Бранислав Светозаревиќ.

Повозрасните спортски работници се потсетија на почетоците, кога тие започнале да се занимаваат со овој спорт.

-Па на времето ние ги произведувавме тука скиите во Тетово. Се правеа од багремово дрво па во буре со топла вода  да се превиткаат, рече Крсто Серафимовски познат спортски работник од Тетово.

Инаку за прв пат скијање во Тетово е регистирано под врвот Љуботен а потоа на Попова Шапка.