Официјална одлука: Косово не смее да настапува на Евровизија

0
194

 

Членките на Европската радиодифузна такса (ЕБУ) не прифатиле да се измени статусот и Косово да биде рамноправен член. Промените во статутот кои би му помогнале на Косово да се приклучи на радиодифузната унија не се прифатени, па тие ќе треба да почекаат пред да го имаат своето деби на Евросонг.

„Членките на ЕБУ не прифатија да се измени статусот и Косово да биде рамноправен член. Причините кои РТС ги наведе се дека самопрогласената држава Косово сака во ЕБУ поради политички потези“, вели Мики Манојловиќ, кој присуствувал на заседавањето, а пренесува Курир.

„Европската радиодифузна унија е важна за нас. За формирање на една нација ништо не е поважно од учеството на Евровизија“, порачуваат политичарите од Приштина.