Палмер: доколку ЕУ не донесе датум за преговори во јуни, тоа ќе се случи во јули или октомври

0
164

 

Доколку Европската Унија не донесе датум за пристапни преговори во јуни, тоа ќе се случи во јули или октомври,. Ова го изјави заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер за Гласот на Америка.

-Знам дека има одредени проблеми поврзани со времето на носење одлука во Бундестагот. Не знам дали фокусот ќе биде да се донесе одлука во јуни или евентуално во јули, зависно од внатрешните процедури на Бундестагот. Сепак, САД се надеваат и го поддржуваат Европскиот совет да ги отвори пристапните преговори. Ги охрабрувам луѓето да ја земат предвид големата слика, а тоа е дека процесот за НАТО се движи напред, и тоа многу побрзо од очекуваното, а доколку ЕУ не донесе датум за преговори во јуни, тоа ќе се случи во јули или октомври. Јас цврсто ги охрабрувам политичката класа и граѓаните на Северна Македонија, да останат обединети во овој процес, да останат посветени, и да имаат верба дека сите ние сме посветени на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, истакна Палмер.