Поради голем пожар затворен граничниот премин Ново Село – Златарево

0
180

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради пожар што избувнал на бугарска страна, на самиот граничен премин, околу 16 часот , затворен за сообраќај е граничниот премин Ново Село-Златарево. Граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека истиот ќе може да се користи повторно.