Состанок на министрите на ЕУ: Кипар се заканува со вето на проширувањето

0
180

Земјите членки на ЕУ вчера изразија несогласување околу почетокот на преговорите за влез во Унијата со Северна Македонија и Албанија, а според нивниот заеднички Извештај, одлуката за двете држави би можела да биде одложена до октомври, кога ќе ја разгледува и германскиот Парламент.

Како што објавија западни медиуми кои имаат увид во Извештајот, за време на состанокот Кипар се заканил дека ќе стави вето на секој договор за проширување доколку ЕУ не го заостри својот став поради тоа што Турција истражува природен гас во источниот Медитеран.

– Имаше големо несогласување меѓу претставниците на земјите членки и не е сигурно дека сите министри ќе можат да се договорат, изјави дипломат од ЕУ.

Кипар се заканил и дека ќе го блокира целиот текст кој се однесува на идната перспектива за сите земји кои тежнееат да се приклучат во Унијата, меѓу кои се Србија, Црна Гора и БиХ, доколку не се реши проблемот со Турција.

Според дипломатот, Никозија бара заеднички став на ЕУ во врска со прашањето за истражување природен гас во источниот дел на Медитеранот од страна на Турција, што според кипарските Грци ја нарушува ексклузивната економска зона.

Министрите од 28-те земји членки ќе се состанат и денеска за да разговараат за почетокот на формалните преговори за членство на двете балкански земји.