Спасовски: Судиите ослободуваат криминалци и ги нарушуваат истрагите ( Видео)

0
183

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски обвини дека одредени поединци во судството и обвинителството поради лични партиски и бизнис интереси не ги гонат криминалците за кои полицијата претходно спровела целосна истрага и постапка, објави Телма

За таа се намали оваа појава потребно е да се спроведе ветинг во сите институции потенцираше Спасовски на тркалезната маса следејќи го патот на парите

Додаде дека борбата против организираниот криминал е успешна само ако во неа е вклучена финансиска истрага. За таа цел веќе се формирани специјални единици за финансиски истраги кои треба да започнат со работа откако ќе се доекипираат и поминат одредена обука.

Основна цел на оваа единица ќе биде превенцијата затоа што на секој криминалец ако му го секнеш изворот на парите тогаш тој не може да продолжи со криминал, потенцираше министерот.

Универзитетскиот професор Блерим Река, смета дека конфискацијата преставува важен елемент во борбата против финансискиот криминал. Тоа беше и нотирано и во најновиот извештај на Европската Унија.

СЈО работеше против организираниот криминал, но на оваа институција требаше на помош да им се приклучат и другите институции кои се надлежни на приемр за конфискување на имот ,само така можевме да имаме успешна борба, ова беше нотирано и во самиот извештај на ЕУ, рече универзитетскиот професор Блерим Река.
Како позитивен пример за финансиска истрага беше истакнато последното откривањето на 9 – те лица за криумчарење на мигранти, при што во самата истрага биле замрзнати голем број на банкарски сметки на физички но и на правни лица.

https://youtu.be/CiUqmMAsv6M?t=1