Столтенберг и честиташе на земјава за реформите, порача да ги продолжи

0
181

Северна Македонија мора да се пофали за досега спроведените реформи, но истовремено, динамиката на реформите мора да се одржи, порача денеска Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по одржувањето на Северноатлантскиот совет на НАТО во Скопје, објави Телма На состанокот било разговарано за НАТО-интеграцијата на земјава и напредокот во клучните реформи.

„Овие реформи се однесуваат на одбранбените и безбедносните институции, да се обезбеди дека институциите – разузнавачките, безбедносните и одбранбените, се кредибилни и да можат да соработуваат да работата со одбранбените и разузнавачките институции на другите НАТО-членки. Ние очекуваме и сигурни сме дека ќе продолжите да се имплементираaт реформите во овие области. Ова е важно за Северна Македонија, за нејзинотот членство во НАТО. Секако очекуваме и да продолжи зголемувате на буџетот за одбраната, за да се достигне два проценти од БДП“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Столтенберг денешното одржување на состанокот на амбасадорите на земјите-членки на Алијансата во земјава рече дека е историски, со јасна порака дека земјава го има своето место на масата на НАТО.

„Ова е јaсна порака: Ние сме подготвени да ве пречекаме во семејството на НАТО“, рече Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Премиерот Зоран Заев лично му се заблагодари на генералниот секретар нарекувајќи го мој пријателе, за поддршката која тој ја давал на земјава.

Заев информираше дека ратификацијата на Протоколот за членство на земјава од страна на членките се одвива забрзано и е надева да заврши до октомври, со што змејата би можела да стане полноправна членка на Самитот на НАТО во Лондон во декември, но не подоцна од почетокот на идната година. За можноста Турција да не брза со ратификацијата на Протоколот, со што би го оддолжила пристапувањето на земјава, поради барањето Македонија да и испорача лица кои ги товари за поврзаност со Фетулах Ѓулен, Заев вели дека не постои таква опасност.

„Турција е еден од нашите најголеми пријатели и нивните очекувања се кога ќе завршат сите политички изборни процеси, тие ќе ја отпочнат процедурата за ратификација на протоколот за членство на нашата земја во НАТО. И потпретседателот на турската Влада изјви дека тие продолжуваат со поддршка на нашата земја и во најкус можен рок ќе го ратификуваат овој протокол. Истовремено нашите министерства за внатрешни работи, за правда, соработуваат и за другите отворени прашања“, изјави Зоран Заев, претседател на влада.

Заев и Столтенберг пред одржувањето на Северноатлансткиот совет, утрово одржаа и билатерална средба, а генералниот секретар на НАТО се сретна и со претседателот Стево Пендаровски. Столтенберг во и во обраќањето пред Советот и на прес-конференцијата им честиташе на Скопје и Атина за историската одлучност да постигнат Преспанскиот договор, велејќи дека тоа покажало дека промени се можни и оти храброста се исплаќа.

https://youtu.be/a1Rpr0L5hQY?t=2