Тепачка за паркинг во Тетово.

0
183

 

Четириесет и тригодишниот Б.З. и 26-годишниот К.С. од тетовското село Копачиндол, вчера пријавиле дека на улица „Маршал Тито“, во близина на Зелен пазар во Тетово, околу 17 часот физички биле нападнати од неколку лица од селото Камењане.
Напаѓачите дошле со возило „БМВ“ и по вербалната расправија околу место за паркирање на друго возило, започнале физички да се пресметуваат со пријавителите, а потоа набрзина се оддалечиле од местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци.

Полицискиот билтен регистрираше и напад врз полициски службеник

Вчеравечер ( 2 јуни ) околу 22 часот и 50 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово лишен од слобода е 47-годишниот Н.У. од тетовското село Долно Седларце, кој се однесувал агресивно, одбивал да се легитимира и ги навредувал и омаловажувал полициските службеници.
Н.У. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.