Тетовци избраа ново место за вандализам, уништена пешачката зона кон Бањиче

0
200

Откако несовесни граѓани го уништија единствениот парк во Тетово таканарачен Жена парк но и Скејт паркот во близина на Автобуската станица во Тетово каде речиси сите реквизити се уништени, сега на ред дојде и пешачката зона која води кон рекреативното место Бањиче.

На сликите може да се види дека се откорнати и уништени клупите , кантите за отпадоци, а има откорнати и голем број зимзелени дрвца засадени пред околу еден месец.

Осуда за ваквиот вандалски чин пристигна и од градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи.

Таа преку својот официјален Фејсбук профил истакна дека уништувањето на јавното добро преставува кривично дело, и истото говори за нашата ниска колективна свест. Таа додаде дека се што е уништено ќе се замени со ново, а престапниците ќе бидат казнети.

Барем засега никој не е казнет за уништувањето на јавното добро во градот. Пример за тоа е жена паркот каде секој реквизит или е откорнат или уништен, а никој од сторителите не е пронајден или казнет, иако во паркот има камери кои го надгледуваат теренот 24 часа.