Тетовчанец со воздушна пушка пукал кон малолетници

0
192

Вчера во СВР Тетово бил приведен 76-годишниот С.К. откако претходно е добиена пријава дека тој на 26.06.2019 околу 22 часот од балкон на зграда на ул.„Железничка“ во Тетово од воздушна пушка испукал кон малолетници кои биле пред зградата. Притоа, погодил еден малолетник кој се здобил со телесни повреди, по што би пренесен во Клиничката болница во Тетово.

Според С.К., делото го сторил поради вревата што ја правеле малолетниците пред зградата. Известен е Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.