Тешка кражба во манастирскиот комплекс „Свети Илија“ во гостиварско Долно Јеловце.

0
211

Непознати сторители извршиле тешка кражба во манастирскиот комплекс „Свети Илија“ во гостиварско Долно Јеловце.

-Крадците, откако насилно ја отвориле влезната врата од угостителскиот објект „Конак“ што е дел од комплексот, одзеле телевизор, угостителска опрема и други предмети. Од кутијата за доброволни прилози од верниците, поставена во непосредна близина одземени се и парични средства, информираат од СВР Тетово.

Кражбата се случила минатата недела, а во полицијата била пријавена вчера.

Извршен е увид. Се работи на откривање на сторителите и целосно расветлување на случајот.