Уапсен државниот секретар во МИОА за провизија од тендер

0
185

 

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово, денеска е уапсен налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, објави сдк.мк. 

Тој се осомничен за злоупотреба на службенатаположба и овластувања и за земање провизија од добиен тендер во 2014-2015 година

Вработени во МИОА, од ДИК и другите министерства што се во истиот објект, за сдк изјаиле дека во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА.

Според очевидци од соседството на Јахија, тој бил уапсен рано утринава и полицијата се задржала во неговиот дом, каде бил извршен претрес.