Уапсен убиецот на Бурим Идризи кој беше изрешетан пред две години

0
185

 

Денеска на локалниот пат Зелениково-Моране полициски службеници од СВР Скопје го приведоа О.А. (29) од Скопје, кој се бараше за извршено кривично дело „убиство“ извршено на 20.12.2017 на ул. Џон Кенеди, каде пред угостителски објект беше убиен Б.И. (24) од Скопје, соопшти МВР.

Инаку,  Бурим Идризи беше  убиен во  вооружен инцидент во Чаир, поточно на улицата “Џон Кенеди”, пред средното училиште “Цветан Димов”. Убиството се случило околу 18.00 часот, кога првично се слушнало пукање од огнено оружје. Според очевидци, пукано е од  “Калашников” од возило во движење , ,, Југо“, а 24 -годишникот е усмртен   со шест куруми додека стоел  на автобуската станица пред училиштето.Мотивите на убиството не се познати.