Фетаи: Има илјадници снимки, пораки и транскрипти за случајот „Монструм“

0
182

Специјалната јавна обвинетелка Фатиме Фетаи во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека има многу снимки и пораки за случајот „Монструм“ и иако според неа голем дел од нив не се суштински, таа сите ќе ги приложи како докази.

Има илјадници снимки, пораки, траскрипти кои секако ќе бидат предложени како докази. Сметам дека голем дел од тие снимки и пораки нема сусштински да влијаат, сепак дури и она што јас лично сметам дека не е премногу битно, ќе го предложам како доказ за да нема сомнежи дека нешто криеме. Можам деа гарантирам дека ќе има соодветна правна квалификација за секое лице кое е инволирано во тој настан. Сепак не се работи за едноставен предмет, апелирам до сите кои сакаат со јавноста да споделат информации и да добијат публицитет, да не си играат со чуствата на семејствата на жртвите, туку нека дојдат во обвинителството или во Суд. А, собирање лајкови на оваа тема е нечовечно, вели Фетаи.