Хелсиншки комитет: Институциите да го санкционираат поттикнувањето на насилство и ширењето меѓуетничка омраза од навивачките групи и на социјалните мрежи

0
180

По повод вчерашната прослава на ракометниот клуб “Вардар” до Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнаа голем број пријави за регистриран говор на омраза од страна на навивачките групи на градскиот плоштад и на социјалните медиуми. Исто така, забележан е говор на омраза и во другите градови во државата. Сите пријави се уредно регистрирани од страна на Комитетот, по што ќе следи соодветна реакција до надлежните институтции.

Најголем број од пристигнатите пријави се однесуваат на говор на омраза врз етничка припадност. Така на пример, на градскиот плоштад беше скандирано “Нека разберат клетите шиптари. Чиста Македонија. Гасна комора” и друг навредлив и дискриминаторски говор. Со ова се предизвика радзор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, опишано во член 319 од Кривичниот законик.

Хелсиншкиот комитет најстрого го осудува поттикнувањето на насилство и предивикувањето на меѓуетничка омраза. Ги охрабруваме сите граѓани кои во текот на вчерашниот ден беа сведоци и/или жртви на говор и/или дела од омраза да го пријават својот случај во Хелсиншкиот комитет и на www.govornaomraza.mk.

Упатуваме посебен апел до Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да ги истражат овие случаи и да ги преземат сите мерки согласно позитивните законски прописи. Хелсиншкиот комитет и понатаму ќе го следи развојот на настаните поврзани со вчерашните навредливи и дискриминаторски скандирања и редовно ќе ги известува надлежните институции за понатамошно постапување и санкционирање на овој крајно негативен феномен.