Шеќеринска: До петок ќе се знае кои ќе си заминат од министерските функции

0
213

ој начин и Меркел ќе дискутираше со премиерот. Ќе речеше овие се повеќе се заинтересирани за партиските преговори, отколку што се заинтересирани за европската иднина на својата земја, рече министерката за одбрана и вицепремиерка Радмила Шеќеринска од СДСМ во емисијата ТОП ТЕМА на Телма телевизија, осврнувајќи се тоа дека предолго се чека за метлата на Заев, најавена уште за претседателските избори.

– Најавата за реконструкција беше во сред претседателски избори, и да сака некој да го смени цел состав тоа среде избори е незаконски да се направи. Ако е работата во тие две недели заради кои што сето тоа е одложено, мислам дека сите граѓани ќе речат, дајте концентрирајте се за ова што е поважно, па ќе ги видиме новите министри ќе бидат добри и ќе го надоместат тоа. Мислам дека еден дел од јавноста беше затечен од тоа дека не сме лажеле во изборите. Не било демек еве ние ќе се менуваме, но кога победивме да свртиме нов лист. Еден дел од јавноста не чекаше на нож да кажеме дека нема да има реконструкција, дека нешто ситно ќе направиме, рече Шеќеринска.

И кога стана јасно дека ќе имаме реконструкција, дека таа реконструкција ќе ја поддржат сите партнери. Сега некако фокусот е кога, а не што. Јас мислам дека и ние треба фокусот да го држиме на тоа како да дојдеме до најдобар состав и како да дојдеме до најдобри директори, кои се согласувам со вас, многу влијаат на големите мали прашања, оти животот е полн големи мали прашања. Не се нато-еу, не се големите еконмски движења, ама менуваат се’ со кое се соочуваме како граѓани секојдневно, и се согласувам сите се нестрпливи се согласувам сите се нестрпливи, убедена сум земајќи дека сето тоа брзо ќе се заврши, вели заменик-претседателката на СДСМ.

До петок ќе го имаме предлогот, децидна е Шеќеринска, најавувајќи дека смената ќе трае месец дена.