ЈАНЕВА: МИЈАЛКОВ НЕ БИЛ ТАРГЕТ НА ПРИСЛУШУВАЊЕ, ТОЈ ЈА ДАЛ НАРЕДБАТА

0
168

Сашо Мијалов, еден од обвинетите во случајот „Таргет – Тврдина“, не бил цел на прислушување, туку додека бил директор на УБК по негова наредба се прислушувало, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која потенцира дека докази за тоа ќе бидат презентирани за време на рочиштата на судењото за случајот.

Јанева ова го кажа по презентацијата на вториот периодичен извештај на ОБСЕ за работата на СЈО, одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата на Мијалов дека бил предмет на прислушување и оти во судницата изразил сомнеж дека можеби се прислушувало надвор од УБК.

– Обвинетиот Сашо Мијалков не е таргет на прислушување. Таргет се други лица блиски до него, фамилијарни. Тој не е таргет. А тоа кој прислушувал во Македонија неспорно е докажано и има докази за тоа дека тоа се случувало во периодот кога тој бил директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, под негова наредба е вршено прислушување и има докази за тоа во предметот кој се надевам дека ќе го следите, рече Јанева.

Специјалната јавна обвинителка не сакаше да одговара на прашања за други предмети како на пример „Империја“, упатувајќи ги новинарите писмено да се обратат до прес-службата на СЈО.