Села: Со оставката на Мемеди е исправена неправдата кон Алијансата

0
146

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села не сакаше да ја коментира одлуката за враќањето на пратеничкиот мандат на Весел Мемеди. Тој рече дека со овој чекор, се исправа неправдата која и била направена на неговата коалиција, бидејќи Мемеди беше избран за пратеник токму од оваа коалиција а со влезот во Владата, тој им сврти грбот на партнерите.

Тој додаде дека преминувањето на пратеничкиот мандат кај Арта Точи ќе ја засили политичката позиција на Алијансата. Прашан дали веќе зборувал со Точи и дали таа ќе го прифати пратеничкиот мандат, Села изјави дека тоа било тема кога се правела пратеничката листа и дека за тоа повеќе нема потреба да се дискутира