Алијанса на Албанците со барање до еврокомeсарот Хан

0
71

Aлијансата за Албанците е заинтересирана за реални и вистински реформи во правниот систем и дека ова првично треба да се направи со именување на обвинител од земјите на ЕУ кој ќе може да ја врати изгубената доверба во судскиот систем.

Не треба да се обвинуваат одредени држави во ЕУ поради тоа што не сме добиле датум за преговори бидејќи судбината на членството на земјата во Европската унија е во наши раце и лидершипот треба да сноси одговорност за тоа.

Последен момент е судскиот систем да се реформира, така што судските органи да бидат слободни да осудуваат политичари кои го прекршуваат законот.

Алијансата за Албанците навреме го алармираше неуспехот на судските реформи и, следствено, недобивањето датум за започнување преговори.

А0лијансата за Албанците ќе ја поддржи секоја иницијатива со која ќе почне спроведувањето на  реформите во правосудниот систем. Го повторуваме уште еднаш  ставот дека на чело на СЈО треба да биде назначен обвинител од некоја од државите на ЕУ, бидејќи ова е последната шанса за правдата.