Во полошко возилата ќе се паркираат во дворовите на училиштата

0
171

 

 

Со доаѓањето на привремено вработените во странсво, кои традиционално дел од летниот одмор го поминуваат во нивните родни краишта, се зголемува и фреквенцијата во сообраќајот во поширокото Полошко подрачје, а со тоа се зголеми и потребата од повеќе места за паркирање во Тетово и Гостивар.

За да се овозможи нормален и проточен сообраќај, Секторот за внатрешни работи Тетово, во соработка со општините Тетово и Гостивар, како привремени паркинг простори, ќе ги пушти во употреба дворовите на училиштата на местата каде што има зголемена фрекфенција во сообраќајот.

Во градското подрачје на Тетово граѓаните нивните возила можат да ги паркират во дворовите на средното училиште ,,Кирил Пејчиновиќ“, -Гимназија, кај старото медицинско училиште, како и кај основното училиште ,,Истикбал“.

Во Гостивар, за оваа намена, привремено се ослободени за паркирање дворовите на сите основни и средни училишта, кои се наоѓаат во градот.

Секторот за внатрешни работи Тетово АПЕЛИРА до возачите, да ги користат овие привремени паркинг простори, кои се бесплатни и нивните возила да не ги паркираат каде што ќе стигнат, да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, за да се овозможи нормален и проточен сообраќај. СВР Тетово ги потсетува граѓаните дека казните за погрешно и непрописно паркирање се движат од 20 до 180 евра во денарска противвредност или порамнување со негативни поени.