Десетина сватови се затруја на свадба во Струга

0
191

Над десетина гости, кои присуствувале вчера на свадба во Струга, се затруле од храната и завршиле во болница. Според првичните информации гостите се затруле од тортата, но за ова се уште нема официјална потврда, се додека Агенцијата за храна и ветеринарство не испита примероци од храната.

Гостите синоќа биле примени во болницата во Струга со симптоми на дијареа и повраќање. По лекарскиот преглед биле пуштени на домашно лекување.

Од Центарот за јавно здравје најавија дека ќе го испитаат овој случај