Детали како да остварите поврат на ДДВ, владин проект кој стартува од денеска

0
169

Од денеска граѓаните ќе можат да ја превземат апликацијата МОј ДДВ преку која ќе можат да остваруваат поврат од 15 отсто на платениот данок на додадена вредност.

Директорката на управата за јавни приходи Лукаревска посочи дека аплиацијата е едноставна, но дека управата е подготвена да им помогне на сите граѓани кој ќе се соочат со проблеми.

-Направивме лесна апликација, достапна за поврат на 15 % од ДДВ кај граѓаните. Апликацијата МојДДВ ќе биде достапна за симнување од понеделник, 1 јули 2019 преку: Google play store Apple store Ова е за прв пат државата да им враќа пари на граѓаните! УЈП е подготвена да им излезе во пресрет на сите граѓани кои имаат потреба од поддршка при регистрацијата на системот на е-пдд и за скенирање на фискалните сметки, за што повеќе ќе презентираме во понеделник, напиша директорката Лукаревска на својот фејсбук профил.

Повратот  на ДДВ ќе се прави  со скенирање на баркодовите од фискалните сметки на мобилните телефони. Мерката важи за сметките  до 30 илјади денари кои не се постари од 10 дена. Единствено нема да може да се скенираат сторнираните фискални и за тие кои е издадена сметкопотврда.

Оние пак кои немаат паметни телефони и постарите лица кои имата проблем со технологија скенирањето на сметките ќе можат да го прават во центрите на УЈП. На парите од вратениот ДДВ нема да се плаќа персонален данок. Ваквата можност ќе важи за сите со наполнети 15 години кои имаат отворено сметка во банка и се регистриорани во системот за Е – даноци во управата за јавни приходи. Бидејќи мерката стартува на средина од годината, првата исплата ќе биде во декември, а од догодина ќе се прави квартално, односно во февруари, мај август и ноември. Според анализите од оваа мерка кај граѓаните ќе бидат вратени оклу 50 милиони евра годишно.