Димовски: СДСМ да си ги намалат емоциите, Собранието подразбира дијалог и минимум разбирање помеѓу 120 пратеници

0
64

Откако координаторот на пратеничката група на СДСМ, го повика претседателот на Комисијата за избори и именувања  да свика комисија за избор на членови на советот на АВМУ и на програмсиот совет на МРТВ, се огласи и Илија Димовски.

Јас како Претседател на Комисијата за прашања за избори и иманувања се обидувам пред да го започнеме процесот да има минимални изгледи дека тој процес ќе биде успешен и дека нема да биде заглавен како многу други процедури и постапки во Собранието и државата воопшто. Би сакал да ве известам дека во предходните два месеци сум остварил контакти и комуникација со повеќе лица од повеќе пратенички групи во Собранието на Република Македонија во насока да стимулирам што е можно побрзо започнување на процедурата за избор на членови на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТВ,  со замолница до политичките партии претставени во Собранието на Република Македонија да започнат дијалог кој што ќе значи минимални услови за успешност на процедурата“, вели Димовски.

За Тој потенцира дека не постои никаков контакт и никаква желба за дијалог од владејачкото мнозинство во Собранието.

Должен сум да ве информирам како претседател на оваа комисија дека оваа постапка за избор на членови на АВМУ и Програмскиот совет на МРТВ е во согласност со законот кои што беа гласани едногласно од Собранието на Република Македонија со поддршка од опозицијата. Ако опозицијата имала намера да кочи ќе кочела уште во таа фаза. Но, новата постапка која е предвидена во законот за овие две тела предвидува двотретинско мнозинство во комисијата, значи од 13 членови со право на глас, треба 9 да гласаат „За“ за сите поединечни предлози, а кога ќе дојде на пленарна седница треба двотретинско мнозинство и бадентерово мнозинство. Значи постапката е исклучително комплицирана и е сосема различна од сите постапки досега. Односот на СДСМ како кон оваа процедура така и кон се во државата сеуште е на ниво на еуфоријата на почетокот на нивниот мандат кога мислеа, а за жал сеуште мислат, дека се сопственици на Собранието и дека .

Тој вели дека ако досега ја започнел процедурата за избор на членови на овие две тела процедураѕа ќе завршела неуспешно, па ќе требало да се влезе во нови постапки за објавување на нови конкурси.

Тој на колегите од СДСМ им порача е да си ги намалат емоциите , да го тргнат чувството дека се сопственици на државата и на Собранието.

Да научат дека во ова Собрание има 120 пратеници од повеќе од 15 политички партии и да разберат дека Собранието подразбира дијалог и минимум разбирање помеѓу 120 пратеници“, истакна Димовски.