Заев не се откажува од министерството за финансии

0
72

Премиерот Зоран Заев, според владини извори, ќе раководи со Министерството за финансии врз основа на посебни овластувања што ќе ги добие од владата што ја предводи.

Според неофицијални најави, се очекува, на седница во четврток, владата да да донесе одлука за пренесување посебни овластувања на премиерот, за тој да може да раководи со Министерството за финансии до изборот на нов министер, а по разрешувањето на досегашниот челник на овој ресор, Драган Тевдовски.

Заев најави минатата седмица дека ќе назначи нов министер за финансии најдоцна до терминот кога ќе треба да се формира техничка влада за спроведување на следните парламентарни избори, што во редовен термин би требало да се одржат наесен следната година. Техничката влада, според зконите за избори и за влада, би требало да се формира 100 дена пред датумот што ќе биде предвиден за одржување редовни избори.

Извор Независен Весник