Заев: Рашковски не може да биде боксерска вреќа!

0
192

Премиерот Зоран Заев се стави во одбрана на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски во врска со аферата за местење тендер. Заев смета дека Рашковски не бил арогантен во неговото обраќање вчера пред медиумите, но и медиумите не можело да го прават салата со критики за неговото работење.

Премиерот тврди дека разговорот во кабинетот на Рашковски кој беше објавен пред неколку дена, не бил за местење тендер, туку за продолжување на процедурата за тендер од 2016 година. Рашковски, според него, бил овластен да ја забрза процедурата. Премиерот информираше дека наскоро ќе има кривична постапка за процедурите како била набавувана опрема за радарскиот систем на АД „М-Нав“. Опозицијата бара расветлување на случајот. Аријанит Хоџа од Движењето Беса вели дека институциите треба да се занимаваат со случајот, а Рашковски да се поднесе оставка од морални причини.

„Факт е дека постои снимка и има јасни индиции за местење тендер и апсолутно во нормални околности во држава каде функционира правото, обвинителството многу сериозно би се занимавало со овој случај, особено што оваа Влада дојде борејќи се против минатиот режим кој местел тендери или други прашања поврзани со криминал и корупција. Мислам дека за да се даде позитивна порака, би било добро генералниот секретар на Владата да поднесе оставка“, рече Аријанит Хоџа, Движење Беса.

Од Алијансата за Албанците велат дека истражните органи треба да работат без политички влијанија за случајот.

„Секогаш сме биле за да има легитимни институции, независно судство кое независно ќе ги истражува овие прашања без политички притисоци. Ние сме за тоа институциите да се оставаат слободни, особено правните институции треба да имаат кредибилитет и треба да бидат независни“, рече Флакрон Беџети, Алијанса за Албанците.

ВМРО- ДПМНЕ бара одговорност за оваа афера од Рашковски и премиерот Заев и во обвинителството ги доставија прислушуваните материјали. Опозицијата обвинува дека Рашковски местел тендер за М-Нав вреден 7 милиони евра, а бизнисот требало да го добие компанијата Леонардо каде свој удел има и италијанската држава.

ИЗВОР АЛСАТМ