По оставката на Весел Мемеди виси мнозинството во Советот на Општина Гостивар.

0

 

По излегувањето на партијата на Весел Мемеди НДП од владеачката коалиција СДСМ-ДУИ на централно ниво, се понеизвесно е мнозинството на советот на Општина Гостивар. Од партијата на Мемеди засега на кажуваат дали двајцата советници од оваа партија кои се дел од советот и понатаму ќе бидат дел од мнозинството во советот составено од ДУИ и СДСМ партии на кои НДП им откажа љубов на централно ниво
Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари е оптимист дека советот на Општина Гостивар и понатаму ќе има мнозинство.

-Секој сака да има мнозинство во советот и тоа е важно, ние ќе се обидеме. Јас сум оптимист дека ќе се обезбеди мнозинство, гледам дека има ерозија и кај советниците од ДУИ кои имаа голем притисок, кои сакаат да преминат па ќе видиме, рече градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари

Советот на Општина Гостивар брои вкупно 31 член. ДУИ има 9 советници, Алијанса за Албанците 7, СДСМ четири, ВМРО ДПМНЕ три, по два советника имаат БЕСА и НДП, додека Демократски сили на Ромите и ДНЕТ по еден член во Советот.