ПРИВЕДЕНИ ДВАЈЦА ЦАРИНИЦИ НА ГП ТАБАНОВЦЕ ЗА ПРИМАЊЕ ПОТКУП

0
44

 

Секторот за професионална одговороност – Одделение за внатрешни истраги при Царинска управа на РСМ, во соработка со СВР Куманово, Одделение за Криминалистичка полиција, Отсек за Економски криминалитет, постапи по пријавено кривично дело по чл.357 од Кривичниот законик на РСМ “Примање поткуп” од страна на царински службеници на граничниот премин Табановце. Двајца царински службеници се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.07.2019 во 03:00 часот примена е дојава од оштетено лице за давање на поткуп на царински службеници на ГП Табановце при влез во Република Северна Македонија, по што, од страна на Отсекот за економски криминалитет веднаш е постапено и при личен претрес на царинските службеници З.Ј. од с.Отља и Т.М. од Куманово, и при претрес на службените простории на Царинската управа на ГП Табановце пронајдени се 1670 евра и 190 швајцарски франци, соопштуваат од Царинската управа