Села прифати, ќе оди на лидерската средба која ја закажа Заев

 

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села ја прифати поканата на премиерот Заев да учествува на лидерска средба во петок.

Од партијата на Села преку соопштение наведуваат дека ќе учествуваат на средбата, каде ќе презентираат свои предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира.

-Добро е што премиерот почнал да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски средби треба почесто да се свикуваат кога станува збор за чувствителни државни прашања. Ќе ја прифатиме поканата и сигурно ќе учествуваме во неа со наши предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира, стои во соопштението испратено од Кабинетот на Села.