Семејно насилство во Тетово и Гостивар

0
62

 

На 03.07.2019 година во 21.10 часот во СВР Тетово, 68-годишната Р.Г. од Тетово пријвила дека физички била нападната од нејзиниот внук К.Г.. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Во Полициската станица Гостивар, 32-годишната А.Ф. од Гостивар пријавила дека на 02.07.2019 година околу 19.00 часот била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б.. Тој бил лишен од слобода и приведен во полициската станица. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Полицискито билтен регистрираше и тепачка на улица ,,Иво Лола Рибар“ во Тетово

Синоќа во 23.55 часот во Полициската станица Тетово било пријавено дека во угостителски објект на улица ,,Иво Лола Рибар“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата К.С. (45) од село Камењане и друго непознато лице. К.С. бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.