Јадранка Костова се повлече од тимот на 1ТВ

 

Новинарката Јадранка Костова најави дека се повлекува од тимот на 1ТВ, односно дека нејзиниот авторски договор и завршил со интервјуто на уапсениот Боки 13, пренесува Независен.мк.

Новинарката истакнала дека околу две до три недели воопшти не оди во телевизијата и нема никаков контакт со тамошната екипа.

-Не знам што ќе се случува со телевизијата. Веќе две-три недели не одам таму. Немам никаков контакт. Јас работев таму со авторски договор. Ја правев емисијата во петок и само во петок се појавував во телевизијата, изјави Костова за Независен.

Таа истакна дека и од претходно сакала да се откаже од ангажманот во оваа телевизија, но дека сега тој и официјално е завршен.

-Со оглед на годините, премногу ми беше и емисијата во „1 ТВ“. Сакав да се откажам и претходно, но со интервјуто на Јовановски заврши и мојот ангажман во телевизијата – додава Костова.