АКЦИСКИ ПЛАН НА ВЛАДАТА ЗА БОРБА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

0
178

Се најавува битка со креаторите на лажните вести кои секојднево земаат се поголем замав на домашен терен. А пред три години Македонија, во светот беше означена како земја на лажните вести а „фабриката“ на дезинформации беше лоцирана во Велес од каде се ширеа неточни информации за време на претседателските избори во САД. Дополнително – се засилуваат и безбедносните протокли за комуникација на функционерите по случајот со лажниот „Порошенко“со кој разговараше токму премиерот Заев.

Сега владата ќе спроведува акција против ширење дезинформации и напади врз демократијата.. Ќе биде формирана акциска група, со која ќе раководат министерот Роберт Поповски и советникот за односи со јавност Марја Забрчанец. Покрај тоа што ќе спроведуваат едукативна кампања од јавен интерес за штеноста на лажните информации, која ќе ги опфати и вработените во институциите – се најавуваат и низа други активности. Оваа акциска група – ќе соработува со сите платформи на социјалните медиуми и ќе бидат известувани за профили кои најчесто шират дезинформации. Ќе биде иницирано – организациите кои се занимаваат со проверка на фактите да да направат регистар за утврдени дезинформации и листа на извори кои истите ги шират. Сепак владата се уште нема конкретен помош како ова ќе се прави и најавува дека ќе решенијата ќе се носат заедно со медиумската фела.

Меѓу мерките превидено е на веб – страната на Владата да се објавуваат сите одговори на прашањата од медиумите со цел да се спречи извртување на официјалните ставови, ќе стартува и кампања за медиумска писменост која ќе биде вклучена во образовните програми.

Во соработка со Европската комисија се најавува и вклучување во системот за брзо предупредување за ширење на дезинформации кој ќе има за цел размена на информации околи содржините и темите на кампањите за дезинформации во Европа.