Алијанса за Албанците – Наместо во Дрисла Општина Тетово сметот го расфрла по тетовските ниви

0
272

Од Алијансата за Албанците на пресс конференција обвинија дека отпадот кој се остранува од дивата депонија каде треба да се гради пречистителната станица кај тетовско Фалише, наместо во Дрисла завршува по нивите во тетовско.

  • Нашите информации говорат дека отпадот кој се остранува од локацијата кај тетовско Фалише каде треба да се гради пречистителната станица општината наместо во скопската депонија Дрисла го депонира по нивите во полошко. Расчистувањето на депонијата се прави со пари од УНОПС од Норвешка, и слободно можеме да кажеме дека овие пари се злоупотребуваат, соопштија од Алијансата на Албанците.

Од Општина Тетово не сакаа да го коментираа случајот. Велат дека се што имале да кажат кажале на настанот каде била најавена изградбата на пречистителната станица.